Од добри причини, математичкиот развој на децата најчесто се поврзува со училишниот (или претучилишниот) контекст. Сепак, училиштето е средината каде што децата ги вежбаат и совладуваат броевите, аритметичките операции и посложените текстуални и геометриски проблеми. Оттука и на дискалкулијата најчесто се гледа како на проблем што се одразува во училишната работа и поголемиот дел од она што е напишано и истражено за дискалкулијата, се однесува на училишната математичка изведба на децата. Но, како што веќе беше посочено, математичкиот развој (а со тоа и дискалкулијата), не се одвива единствено во училиштето, туку и во домот.